More

    Месојадно морско животно кое наликува на безопасен цвет касна 4-годишно девојче на плажата Агиос Георгиос во Грција

    spot_img

    Месојадно морско животно кое наликува на безопасен цвет касна 4-годишно девојче на плажата Агиос Георгиос во Грција. Таа ќе мора шест месеци да се држи подалеку од сонце поради големината на отокот на нејзиното тело кој треба целосно да исчезне, пишува Ламја.гр.

    –  Нашето девојче врескаше од болка и веднаш притрчавме кон неа без да можеме да разбереме што се случило. Уште четири лица кои биле убодени од анемона, некои во поголема, други во помала мера, ни објаснија што се случило со девојчето. Ги извадивме остатоците од пипалата и веднаш ѝ дадовме кортизон – вели мајката која во консултација со педијатарот и дала антихистамин и сега користат и кортизонска маст.

    Убодите од морската анемона предизвикуваат силна болка и чешање. Исто така, предизвикува карактеристичен осип на кожата, сличен на изгореница, поради отровот што го носи за да ги дрогира своите жртви.

    Симптомите на убодот се третираат со кортизон и антихистаминици доколку се присутни алергиски симптоми. Особено за луѓето кои имаат историја на алергии, треба да се внимава многу повеќе и можеби ќе треба да побараат помош во болница.

    Неопходно е да се отстранат пипалата од телото со нешто тврдо (на пример со картичка) без да ги допирате со голи раце. Раната се плакне со морска, а не со свежа вода.

    Анемоните се животни кои се држат за карпите. Тие не се растенија! Затоа е подобро на карпести и диви плажи во вода да се влегува со влечки.

    За жал, во последниве години, климатските услови го фаворизираа зголемувањето на присуството на морски анемони, како и медузи, во Грција.

    За разлика од медузите кои можат да бидат видливи како пливаат во водата, анемоните се скриени во карпите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img