Во јавниот сектор во државата во 2022 биле вработени 129.374 луѓе. Во споредба со 2021 година бројот се намалил за 1.809, пишува Порталб.мк.
Но, вкупниот број на вработените во јавниот сектор не соодветствува со вкупниот број на пополнети работни места, од причина што има вработени пред сè во областа на образованието и во здравството кои пополнуваат работни места во две или повеќе институции на јавниот сектор.
Еден од ресорите со најголем број на вработени е Министерството за внатрешни работи со 11.694 лица. Во образованието се вработени 37.231 лице, додека во самото Министерство за образование 234. И здравството апсорбира голем број на вработени, 19.428 додека во Министерството за здравство во државна служба се вработени 118 лица.
Број на вработени по сектори
Образование 37.231
Здравство 19.428
МВР 11.694
Труд и социјала 7.041
Правда 931
Министерството за култура вработува 132 административци додека секторот култура опфаќа 3.409 вработени а во Министерството за труд и социјална политика лани работеле 243 лица а јавните установи под овој ресор 7.041. Во Министерството за правда работат 205 луѓе додека во секторот правда се вработени 931 лице. Министерството за земјоделство вработува 1.005 лица, Министерството за одбрана 687, Министерството за финансии 575 а во Министерството за политички систем се вработени 390 лица. Во МНР работат 258 луѓе, останатите ресори се со помалку од 250 вработени.
Вработени во министерства
Министерство за земјоделство 1.005
Рада Исовска Маневска 28/12/2022
Министерство за одбрана 687
Министерство за финансии 575
Министерство за политички систем 390
МНР 258
Во инспекторатите, заедно со даночните и царинските службеници и инспектори (органи во состав на министерства) вработени се 4.284 лица. Од нив 1.223 во Царинската управа, 1.008 во УЈП, во Управата за водење на матични книги работат 466 луѓе а во Државниот пазарен инспекторат лани работеле 262 инспектори а во државниот инспекторат за труд 203.
Во агенциите и дирекциите основани од државата со статус на самостојни органи се вработени 3.360 луѓе. Најголем број 785 работат во Агенцијата за катастар, во Агенцијата за храна има 362, во Центарот за управување со кризи има 342 вработени, во Државниот архив 275 а во Дирекцијата за спасување 255 вработени. Во останатите институции од оваа група има помалку од 230 вработени.
Во правосудните институции во земјава лани имало 2.613 вработени. Од нив, 2.182 се вработени во судовите, 390 во јавните обвинителства, 8 во Советот на јавни обвинители и 33 во Судскиот совет.
Правосудни институции
Судови 2.182
Јавни обвинителства 390
Судски совет 33
Совет на јавни обвинители 8
Новиот Извештај од регистарот на вработени во јавниот сектор за 2022 година покажува дека само во судовите во земјава се вработени 2 181 лица а најголем број вработени имал скопскиот Основен граѓански суд 249 и Основниот кривичен суд со 290 вработени, следуваат Основниот суд Тетово со 124, Апелациониот суд со 120 вработени и основниот суд Куманово со 114 вработени. Останатите судови се со помалку од 100 вработени. Во сите обвинителства лани биле вработени 390 лица.