More

    Во Холандија се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент

    spot_img

    Во Холандија утрово беа отворени избирачките места, на почетокот на изборите за 720 пратеници на новото петгодишно свикување на Европскиот парламент (ЕП). Гласањето го отвораат Холанѓаните, а процесот завршува во недела, на 9 јуни, кога ќе гласаат граѓаните во најголемиот број земји-членки на Европската унија (ЕУ).

    Иако изборите официјално се одржуваат од четврток до недела, Естонците почнаа да гласаат на 3 јуни. Тие гласаат до недела, кога е нивниот официјален изборен ден, онлајн или на одредени избирачки места.

    Во некои земји гласањето се одвива во текот на два дена.

    Нешто помалку од 360 милиони граѓани на ЕУ ќе можат да изберат 720 пратеници на новото свикување на ЕП, 15 повеќе отколку во парламентот во заминување.

    Изборните комисии ќе можат да ги соопштат официјалните резултати дури кога на 9 јуни ќе бидат затворени последните избирачки места во сите земји-членки на ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img