30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија. Насилникот кој бил од Македонија ја избол со месарски нож пред очите на трите малолетни деца, соопштува Билд.
Жената сакала да се раздели од насилниот сопруг и да започне нов живот. По настанот мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот. Малите деца го пријавиле случајот кај соседите. Децата биле на возраст од 3, 4 и 6 години.
Билд пренесува дека жената неодамна се разделила од сопругот кој бил македонски државјанин. Жената долго време трпела семејно насислтво, а на крајот на октомври се преселила со нејзините три деца во нов стан во Дортмунд.
Сторителот потоа бил фатен на автопат во Вирцбург, а се претпоставува дека тргнал да бега на пат кон Македонија. Моментално е во притвор во Нирнберг, од каде ќе биде префрлен во Дортмунд.
Децата првично биле згрижени од Канцеларијата за заштита на младите и прегледани во Детска клиника.