More

    Во Германија драстично се зголемува бројот на бездомници: Ова се трите главни причини

    spot_img

    Во Германија драстично е зголемен бројот на луѓе без постојан покрив над главата, како и на граѓани кои живеат на улица, објави во средата социјалното здружение Федерална работна група за помош на бездомниците.

    „Бројот на луѓе без дом драстично се зголеми во 2022 година во однос на 2021 година, што е поврзано со доаѓањето на голем број бегалци од Украина кои сè уште не се сместени во постојани домови“, се вели во соопштението за печатот на Федералната работна група за Помагање на бездомниците (БАГ).

    Во текот на 2022 година, 607.000 луѓе во Германија биле без постојано сместување, а околу 50.000 живееле на улица. Тоа е за 58 отсто повеќе отколку во 2021 година.

    Зголемувањето на бездомниците е особено изразено кај лицата со странско државјанство, што е поврзано со големиот прилив на бегалци од Украина кои немаат постојан покрив над главата.

    Сепак, како што истакна директорката на BAG, Верена Розенке, „инфлацијата, зголемувањето на кириите и зголемувањето на цените на енергијата се главните причини поради кои луѓето завршуваат на улица.

    Во групата на најзагрозени граѓани спаѓаат едночлени домаќинства, самохрани родители и парови со голем број деца.

    Кај бездомниците со германско државјанство, 21 отсто завршиле на улица поради долгови за кирија и комуналии, 20 отсто поради конфликти со соседите, а 16 отсто поради развод.

    БАГ смета дека плановите на Владата за изградба на 100.000 нови станови во секторот за социјални станови нема да бидат доволни за да се ублажи проблемот со бездомниците.

    За разлика од Сојузниот завод за статистика, БАГ вклучува бездомници кои привремено нашле сместување кај пријатели или роднини и затоа нивниот број е поголем од официјалните бројки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img