Во експлозија во понеделник во складиште за гориво во близина на италијанскиот град Фиренца загинаа најмалку две лица, а осум се повредени, јавуваат локалните медиуми.
„Најмалку три лица се водат како исчезнати по експлозијата“, објави државната новинска агенција АНСА, цитирајќи го гувернерот на Тоскана, Еугенио Џани.
Џани рече дека во тек е опсежна операција за спасување и помош.
Ени, енергетската компанија која го поседува складиштето, рече дека експлозијата не влијаела на резервоарите за гориво, во кои има големи количини гориво.
Градските власти ги советуваа жителите да ги држат прозорците затворени за да се заштитат од чадот и можните понатамошни експлозии.