More

    Полуостровот во 1954 година и беше предаден на Украина

    spot_img

    Руските пратеници до Думата, Долниот дом на Парламентот, доставија предлог-закон за поништување на советската одлука од 1954 година со која полуостровот Крим, дотогаш дел од Русија, и беше предаден на Украина.

    Овој потег треба да создаде правна основа за Русија да може да тврди дека Крим, полуостровот на Црното Море што го анектираше од Киев во 2014 година, всушност никогаш не бил дел од Украина.

    Нацрт-законот, предложен од членовите на двата дома на рускиот Парламент, ја опишува одлуката од 1954 година како произволна и незаконска бидејќи не се одржа референдум, а советските власти немаа право, без согласност, да доделуваат територија од една конститутивна република на друга.

    Не е соопштено кога ќе се расправа за предлог-законот.

    Рускиот претседател Владимир Путин го осуди предавањето на Крим во 1954 година, кога на власт беше Никита Хрушчов, нарекувајќи го потегот кршење на тогашните закони.

    Жителите на Крим, како и остатокот од Украина, гласаа со мнозинство за независност на референдум во времето на распадот на Советскиот Сојуз, а Русија и Украина меѓусебно си ги признаа границите.

    Сепак, Москва ја презеде воената контрола на Крим во 2014 година и го анектираше на референдум што Украина и западните влади го сметаат за незаконски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img