Во Бугарија се распространува нова синтетичка дрога што е околу 100 пати поактивна од хероинот. Таа алармантна вест ја соопшти денеска бугарскиот премиер Николај Денков на почетокот на редовниот состанок на Владата.
– Има една тема за која не разговараме, не дискутираме доволно, а можеби и не работиме доволно. Ова е предмет на увоз и дистрибуција на лекови. Темата е болна, важна, погодува многу луѓе и за жал во последните години не можеме да забележиме особен успех во борбата против дистрибуцијата на дрога. Кај нас се шири нова синтетичка дрога која е околу 100 пати поактивна од хероинот. Разговарав со министерот за внатрешни работи, од оваа недела поставуваме нов механизам за координација, чиј фокус ќе биде спречување на увозот, организираниот криминал и дистрибуцијата на дрога, за да се справиме со овој огромен проблем – рече Денков.
Голем број медиуми денеска во Бугарија емитуваа извештаи дека екстремно опасната супстанца фентанил, која пред неколку години ја доведе Северна Америка во паника, сега е присутна и на нарко пазарот во Варна.
Неговото присуство го утврдила бугарската полиција, а според податоците од два независни центри за лекување зависности, десетина зависници од дроги починале во градот за една недела откако користеле хероин на кој му бил додаден фентанил.