More

    Рововите на линијата на фронтот во Украина се заразени со стаорци и глувци кои шират зараза што кај војниците предизвикува повраќање и крварење од очите и ослабување на борбените вештини

    spot_img

    Рововите на линијата на фронтот во Украина се заразени со стаорци и глувци кои шират зараза што кај војниците предизвикува повраќање и крварење од очите и ослабување на борбените вештини. Во некои делови нападнати од опасните глодари услови стануваат неподносливи, а војниците се мачат во рововите како во Првата светска војна.

    – Замислете да си легнете во кревет и ноќта ви почнува со глушец кој ви се вовлекува во панталоните или во џемперите ползи по вас или ви ги гризе врвовите од прстите. Спиете два или три часа, во зависност од тоа колку среќа имате – изјави Кира, припадничка на украинската армија, за Си-Ен-Ен.

    Таа проценува дека во ровот во кој што била таа заедно со уште тројца војници имало околу 1.000 глувци.

    – Не дојдоа глувците кај нас, туку ние бевме нивни гости – вели Кира.

    Заразите делумно се резултат на менувањето на годишните времиња и циклусот на парење на глувците, но и како резултат на тоа што војната стана статична, откако украинската контраофанзива беше во голема мера запрена од силно зајакната руска одбрана. Во средината на уште една сурова зима, глувците бараат храна по должината на фронтот на речиси 1.000 километри, ширејќи болести и незадоволство меѓу војниците додека бараат храна и топлина.

    Кира рече дека се обидела сè за да се ослободи од глувците: прскање отров, прскање амонијак, дури и молитва. Околните продавници се снабдени со производи против глувци. Но, бидејќи глувците не престанале да доаѓаа, украинските војници пробале и други методи.

    – Имавме мачка Бусија, која на почетокот помагаше и јадеше глувци. Но подоцна ги имаше толку многу што ни таа не можеше да не спаси. Мачката може да фати еден или два глувци, но кога има 70, нема помош – објаснува Кира.

    Снимките споделени од украински и руски војници на социјалните мрежи го покажуваат степенот на инфекцијата на линијата на фронтот. Глувци и стаорци висат наоколу под креветите, во ранци, генератори за струја, џебови од палто и навлаки за перници. Едно видео покажува глувци како излегуваат од руска минофрлачка цевка.

    Во друго видео, мачка се обидува да нападне глушец на фотелја, пред да се појават десетици други глувци. Безнадежна во борбата со многу побројните штетници, мачката го признава поразот и се повлекува.

    Во декември, украинското воено разузнавање извести за појава на „глувчешка треска“ кај многу руски војници околу Купјанск во регионот Харков. Во извештајот се вели дека болеста се пренесува од глувци на луѓе „со вдишување прашина од измет од глувци или со внесување на измет од глувци во храната“.

    Си-ен-ен објави дека не можеле самостојно да го потврдат извештајот, но според украинската војска, ужасните симптоми на болеста вклучуваат треска, осип, низок крвен притисок, крварење на очите, повраќање, силни болки во грбот и проблеми со мокрењето. „Глувчешката треска“ значително ја намали борбената способност на руските војници. Во извештајот не е наведено дали украинските војници биле слично погодени.

    Украинските власти не дадоа конкретни дијагнози за руските војници, но има голем број на болести поврзани со живеење во близина на глодари кои имаат слични симптоми, вклучувајќи туларемија, лептоспироза и хантавирус.

    Извештајот потсетува на оној од Првата светска војна, кога гнили купишта отпад и трупови дозволија стаорците брзо да се размножуваат во рововите. Стаорците се ноќни животни и често се најактивни кога војниците се обидуваат да се одморат, што предизвикува голем стрес.

    Во Првата светска војна бројот на стаорци се зголемил кога конфликтот стагнирал, па се стравува дека истото ќе се случи и во Украина. Главниот командант на оружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, кон крајот на минатата година изјави за Економист:

    -Исто како и во Првата светска војна, достигнавме ниво на технологија што не става во застој – изјави главниот командант на оружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, за „Економист“ пред крајот на минатата година.

    Ихор Захороднјук, истражувач во Националниот историски музеј на Украина, изјави за Си-ен-ен дека наездата на глувци е делумно резултат на врвот на репродукцијата на глодари во есен, но и резултат на самата војна.

    – Зимските култури посеани во есента 2021 година, на многву места не беа собрани во 2022 година и обезбедија изобилен извор на храна. Глувците што се размножуваа на нив ја преживеаја многу топлата зима и преминаа на нови култури. Војната, исто така, ги пресели природните чистачи, дозволувајќи глувците да се размножуваат послободно – објасни Захородњук.

     

    Освен што предизвикуваат вознемиреност и болести кај војниците, глувците уништуваат и воена и електрична опрема. Додека Кира работела како сигналист и останала одвоена од другите борбени единици, глувците успеале да влезат во металните кутии и да ги изгризат низ жиците, нарушувајќи ја комуникацијата.

    – Глувците џвакаа сè: радија, репетитори, жици. Глувците влегуваа во автомобили и ги глодаа електричните жици, резервоарите и тркалата. Трошоците на глувците само во нашиот ров беше 26.500 долари – вели Кира.

    Захородњук нагласи дека штетата може да биде критична, бидејќи изгубената комуникација може да чини животи.

    Додека Украина се бори да преживее уште една зима, проблемот најверојатно ќе се влоши пред да се подобри.

    -Ќе биде сѐполадно и тие се повеќе ќе одат во ровови. Ситуацијата нема да се промени додека сите не поминат низ ова – рече Захородњук.

    Во Првата светска војна војниците не можеле да го решат проблемот со стаорците во рововите. Наместо тоа, тие убивале стаорци за спорт. Обидот да се набоде стаорец  на бајонет станал форма на забава. Но, популацијата на стаорци не се намалила до крајот на војната.

    Захородниук предупредува дека Украина не смее да дозволи тоа да се повтори.

    – Борбата против нив треба да биде организирана, не смее да се потпира на импровизација. Ова е погрешно. Впрочем, тоа е прашање на борбената способност на армијата. Мора да грижиме за нашите војници – истакнува Захородниук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img