Мегајахта поврзана со санкционираниот руски олигарх Роман Абрамович беше видена како плови неколку километри од југозападниот брег на Турција во понеделникот.
Абрамович е меѓу неколкуте руски милијардери кои минатата недела завршија на црната листа на ЕУ, на која веќе има неколку десетици најбогати луѓе во Русија. ЕУ е во процес на запленување на нивните јахти и други луксузни средства.
Западните влади се обидуваат да го изолираат рускиот претседател Владимир Путин и неговите сојузници поради нападот врз Украина.
Абрамович минатата недела слета во Москва со приватен авион од Истанбул. Според податоците на летот, тоа е второ патување во три дена на тој авион поврзан со руски олигарх меѓу најголемиот турски град и руската престолнина.
Јахтата Соларис под знамето на Бермуди долга 140 метри го напушти бродоградилиштето во Барселона на 8 март на поправка, соопшти Marine Traffic.
Таа го напушти црногорското пристаниште Тиват на 13-ти март и во последните денови го заобиколи грчкиот остров Крит. Податоците покажуваат дека во понеделникот било на околу 3 километри од турското крајбрежје, пловејќи кон туристичката дестинација Датчи.
„Соларис“ е изграден во германско бродоградилиште и за прв пат отплови на почетокот на минатата година. Тоа е само една од јахтите во сопственост на Абрамович, според SuperYachtFan, SuperYaht Times и Forbes.