По неколку недели под опсада, десетици цивили се евакуирани од Мариупол на територијата под контрола на Русија и на Украина.
Некои ја напуштија челичарницата „Азовстал“, последното упориште на украинските војници во стратешки значајниот град. Русија соопшти дека десетици цивили пристигнале во селото што го контролира. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека голема група исто така е на пат кон Запорожје, над кој Украина има контрола.
„Првата група од околу 100 луѓе веќе се упатува кон контролираната област“, напиша тој на Твитер.
Украинските власти соопштија дека руското гранатирање продолжило врз фабриката за челик по краткиот прекин на огнот.
– Додека десетици се спасени, неколку стотици цивили – вклучително и деца уште се во бункерите – изјави Денис Шлеха од националната гарда на Украина, цитиран од Ројтерс .
По излегувањето од опколената челичарница, украинските цивили зборуваа за деновите што ги поминале во бункерите во „Азовстал“.
– Не сме виделе сонце толку долго. Не можете ни да замислите низ што поминавме – низ терор. Се плашев дека бункерот нема да го издржи тоа – имав ужасен страв – изајви една од жените кои ги напуштија бункерите.