Во авионска несреќа во Барселос, туристички град во бразилскиот Амазон,загинаа сите 14 патници, меѓу кои имало 12 туристи и двајца членови на екипажот, објави гувернерот на државата Амазонас, Вилсон Лима.
Според медиумите, станува збор за авион Embraer EMB-110 кој полетал од Манаус, главниот град на државата Амазонас, до Барселос. Летот на оваа релација трае 90 минути.
Патниците биле Бразилци кои патувале во регионот поради спортски риболов.
Засега не се познати причините за несреќата.