Во Англија се повеќе апсења поврзани со фудбалот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Англија бројот на апсења поврзани со фудбалот го достигна рекордот од 2014 година, објави денеска британското Министерство за внатрешни работи.

Извештајот покажува дека во изминатата фудбалска сезона (2022/23) се регистрирани 2.264 апсења поврзани со фудбалот, додека важечки се 1.624 забрани за влез на фудбалските стадиони.

Најчесто кривично дело за апсењата поврзани со фудбалот било нарушување на јавниот ред и мир (34 проценти).

Во исто време, за 53 отсто се намалени слуачите на апсења поради упад на навивачи на фудбалските терени.

Втора година по ред најголем број уапсени се навивачи на Вест Хем (89), по што следат навивачи на Манчестер јунајтед (83) и Лидс (69).

Share This Article