Во 1965 година, советските научници дизајнирале автомобил „Волга Атом“, со атомски мотор со капацитет од 320 коњски сили (голема моќност за тоа време), за тестирање

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во 1965 година, советските научници дизајнирале автомобил „Волга Атом“, со атомски мотор со капацитет од 320 коњски сили (голема моќност за тоа време), за тестирање.

За овој подзаборавен проект на својот профгил на Фејсбук пишува Зоран Митрески, прв човек на EFIX Electrical (линк до објавата на крајот на овој напис).

Моторот тежел 500 килограми и затоа на предната страна наместо 2, имало 4 тркала. Овој автомобил можел да помине преку 60.000 километри без дополнување на гориво, а птоа тоа моторот морало да се смени со нов.

Но, советските научници го поправиле овој недостаток, така што создале мотор за користење на гасовито гориво во форма на ураниум хексафлуорид – наместо со цврст ураниум. Новата верзија на автомобилот можеше да помине над 40.000 километри без дополнително полнење на гориво.

За полнење со гориво, сега било доволно да се пумпа нова залиха на ураниум хексафлуорид во цилиндрите и автомобилот бил како нов.

Кога советскиот лидер Никита Хрушчов се пензионирал, машините биле уништени и истражувањата во оваа област престанале засекогаш.

Во еден од коментарите под објавата на Митрески, се цвели дека „Волга Атом“ бил неуспешен проект од многу аспекти.

„Најнапред, неприфатливиот ризик при дефект или удар и последиците од радиоактивниот гас и прашина. Потоа, нерешеното ладење, кое само по себе било доволно за да не успее овој проект. Многу брзо моторот прегревал и силата драматично му се намалувала. Исто така, не бил доволно доверлив за да може како решение да ги замени обичните мотори во автомобилите. Згора на тоа, воопшто не бил економски исплатлив во споредба со класичните мотори на нафтени деривати“.

Во коментарот се додава дека ова не било прв обид да се конструира возило на атомска енергија. Речиси 10 години пред него, во американскиот „Форд“ се обиделе да направат возило на атомска енергија. Иако друг концепт, сепак од истите причини, проектот бил прекинат и автомобилот никогаш не влегол во масовно производство.

- Advertisement -
Ad image

Share This Article