More

    Српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ изминативе неколку дена јавно се караа на тема развод

    spot_img

    Српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ изминативе неколку дена јавно се караа на тема развод. Пред неколку дена Душко за првпат проговори за разводот со Јелена каде истакна дека веќе некое време се обидуваат да договорат спогодбен развод.

    На неговата изјава бурно реагираше Карлеуша, која објави докази – преписка со адвокатката на Душко, во која се гледа дека таа е иницијатор на разводот. Тие и отпосле не престанаа да се расправаат, туку продолжија да објавуваат детали од заедничкиот живот, по што Тошиќ и јавно и се закани.

    Она што сите ги интересираше е односот на мајката на Душко кога се во прашање нејзиниот син и снаа. Свекрвата на Јелена Карлеуша има став и се чини дека со години не отстапува од него. Николета Тошиќ прв и единствен пат проговори за српските медиуми кога Јелена Карлеуша го пријави сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство на Божиќ 2022 година.

    „Слушам што се пишува и верувајте како мајка не ми е пријатно кога ќе дојде сето ова до мене. Не е точно дека син ми удрил некого. Тоа не е точно. Весниците, се разбира, имаат право да пишуваат, тука не можам ништо“, рекла Николета и додала: „Не знам како би реагирала ако ме удри маж. Нема да коментирам ништо и затоа не ме прашувајте. Ниту другите тоа не треба да ги интересира, мислам на соседите“, кратко одговорила за српски „Телеграф“.

    Николета не навлегувала во нивниот конфликт, а потоа, минатата година, се појави на роденденот на Атина и Ника (ќерките на Јелена и Душко). Тогаш на социјалните мрежи почна да кружи фотографија на која се прегрнува со Јелена, нежно ја гушка и двете изгледаат среќни и насмеани.

    Мајката на Душко живее во селото Орловат, недалеку од Зрењанин.

    Инаку, деновиве Северина објави преписка со Душко Тошиќ, откако влезе во конфликт со Јелена Карлеуша. Душко почна да се правда за преписката, која Јелена ја објави на своите профили на социјалните мрежи.

    „Дај Боже конечно да одлучи да се разведеме спогодбено“, напиша Тошиќ на Инстаграм и додаде емотикони, а потоа додаде: „Бидејќи гледам многу лаги од другата страна… Не сум се огласувал четири години за мојот приватен живот, поради тоа што сметам дека сум над секоја ситуација, но сè си има свои граници, мојата толеранција полека се приближува кон крајот, па наскоро детално ќе ја дадам својата верзија, но се плашам дека медиумите ќе мора следните две години да се занимаваат со тоа“, напиша Тошиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img