ВМРО-Народна партија ќе гласа против при гласањето за петте Предлог-закони со европско знаме поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д – информира на денешната прес-конференција пратеникот на оваа партија, Љупчо Балкоски.
Тој истакна дека ВМРО-НП ги поддржува програмите на Владата за изградба на инфраструктурни проекти, но посочи дека не го поддржуват начинот на кој ќе се градат овие коридори.
Според Балкоски, со донесувањето на овие предлог-закони се исклучува примената на правниот и финансискиот систем во државата, се доведува во прашање значењето и важноста на основниот закон за определување на стратешкиот партнер, посебно што се менуваат суштински членови и се исклучува обезбедувањето на еднакви законски одредби и услови за изведувачите на големи градежни работи, почитувањето на правата на работниците….
– Повторно доставуваме предлог до Владата и истовремено ја охрабруваме да донесе Одлука за изградба на автопатско решение на комплетниот Коридор 8 – од Куманово до ГП Деве Баир, затоа што предлог-законот го дефинира само делот од Тетово до ГП Ќафасан, а не целиот Коридор 8 и изградба на автопатско решение на комплетниот Коридор 10д, од Велес – Прилеп – Битола до ГП Меџитлија. На ваков начин ќе добиеме целосно решение наспроти сегашното парцтијално решение – рече Балкоски.