More

    ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги остави пациентите со рак без лекови

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во семјава има недостиг од одредени лекови за рак, бидејќи се потрошени, а нема нови огласи за набавка.

    Од партијата алармираат дека до крај на месец мај ќе биде прекината и терапијата на 30 пациенти со метастатски меланом, со што директно се загрозува нивниот живот.

    – 90 пациенти со колоректален, оваријален и цервикален карцином скоро цел месец не ја примаат препишаната биолошка терапија. Пациентите не добиваат конкретна информација кога ќе може повторно да ја добијат неопходната терапија, која им е неопходна. Количините набавени преку Министерството за здравство се исцрпени, а Клиниката за Радиотерапија и Онкологија нема отворено нов тендер – велат од партијата.

    Оттаму наведуваат дека власта не мисли на болните, туку само на сопствените џебови.

    – Кога во прашање се тендери од кои профитира некој од власта се штанцаат огласи, а кога треба да се набави терапија за болните од рак, никој со прст не мрда.Со ваквиот развој на настаните, и неодговорноста кај власта се очекува дека до крај на месец мај ќе биде прекината и терапијата на 30 пациенти со метастатски меланом, со што директно се загрозува нивниот живот – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Доколку власта наместо да работи продолжи да краде, и не ги извршува ниту основните работи, велат од партијата, во текот на наредните месеци ќе се исцрпат количините и за повеќе други неопходни биолошки лекови, вклучително и имунотерапија за над 150 пациенти со белодробен карцином, карцином на бубрег и карцином на дојка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img