ВМРО-ДПМНЕ: Прв работен ден на Талат Џафери како технички премиер и веднаш го реализираше својот прв проект, паркирање на службениот мерцедес на плоштадот за да пие кафе во ресторан

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Прв работен ден на Талат Џафери како технички премиер и веднаш го реализираше својот прв проект, паркирање на службениот мерцедес на плоштадот за да пие кафе во ресторан. Среќа не е искомплексиран Џафери до толку, инаку со владиниот авион ќе одеше на работа – реагира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Автократот од Форино треба да знае дека функцијата која ја врши е одговорна и бара сериозност, а не чаламење и инфантилно однесување. Илјадници граѓани секој ден зависат од политиките на владата, од мерките и проектите.

Разбираме дека ниту Ковачевски, ниту некој од СДС ќе се осуди да го искритикува Талат Џафери, затоа што сега молат за заеднички листи, ама сепак во име на интересите на граѓаните нека го посоветуваат да се приземји и да си го одработи достоинствено мандатот до изборите.

Филмот со пури, пијалаци, службени автомобили, обезбедување, затворање на пешачки зони и слично, говори за карактерот на Џафери, кој можеби го попримил од ликовите од подземјето со кои се дружел.

Ако по утрото денот се познава, Талат планира да „турка“ мафијашки стил на мандат. Тоа е уште еден доказ дека никогаш не било полошо во Македонија, отколку сега со СДС и ДУИ. Затоа важно е да ги поразиме“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ели Панова, пратеник во Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната емисија „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа рече дека Талат Џафери е човек кој не ги почитува правните норми и практикува самоволие, а таквото однесување од Собранието ќе го префрли во Владата.

– За тоа каков е Талат Џафери говори и тоа што го видовме денес. Прво рече не му е важно со какво возило ќе се вози, за по кратко време со автомобил да оди на плоштад за да пие кафе, рече

Панова посочи дека за ДУИ карактеристика е аздисаноста на таа партија и оти нивното однесување не е изненадување.

– Од нив може да се види само кршење на закони, на Устав, на сите правни норми. Од ДУИ само тоа го знаат и ништо повеќе. Оттука не можеме да очекуваме ништо поинаку и сега од Талат Џафери кој е сега премиер – рече Панова.

- Advertisement -
Ad image

Панова укажа дека кога ќе се спомене името на Талат Џафери на сите им паѓа на памет 27 април, денот кога тој беше избран за претседател.

– За тоа нема запис, сите знаме каков беше изборот за претседател на Собранието. Тој фрли 35 илјади амандмани во контејнер кога опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ се обиде да го блокира законот за јазиците. Неговото раководење на Собранието помина и во знакот на тоа како погрдно викаше по вработените во Собранието. Потоа има бројни закони со европско знаменце, ако апсолутно не беа на нив да биде тоа знаменце, истото беше само злоупотребено. На крај си направи извештај за својата работа од 250 страни – посочи Панова.

Share This Article