More

    Вашингтон бележи рекордна продажба на оружје од 238 милијарди долари

    spot_img

    САД бележи рекордна продажба на оружје во текот на изминатата година. Продажбата на американско оружје во странство минатата година нагло порасна и достигна рекордни 238 милијарди долари, јави Би-Би-Си.

    Американската влада директно преговарала за продажба на оружје во вредност од 81 милијарда долари, што е зголемување од 56% во споредба со 2022 година, потврди Стејт департментот. Останатото било директна продажба на американски воени компании на странски земји.

    Полска, која сака да ги прошири своите воени капацитети, е меѓу најголемите купувачи на американско оружје. Земјата купила хеликоптери Апачи за 12 милијарди долари и платила 10 милијарди долари за ракетни системи со голема подвижност (Химарс) како и 3,75 милијарди долари за тенкови М1А1 Абрамс, се наведува во фискалниот извештај на американската влада. Полска исто така потрошила 4 милијарди долари за интегрирани командни системи за воздушна и противракетна одбрана.

    Германија потрошила 8,5 милијарди долари за хеликоптери Чинук, Бугарија платила 1,5 милијарди долари за оклопни возила „Страјкер“, Норвешка купила хеликоптери за повеќе мисии во вредност од една милијарда долари, а Чешка купила авиони Ф-35 и муниција во вредност од 5,6 милијарди долари.

    „Трансферот на оружје и одбранбената трговија се важни алатки на надворешната политика на САД со потенцијални долгорочни импликации за регионалната и глобалната безбедност“ – се вели во годишниот извештај на Стејт департментот.

    Продажбата на американско оружје е зголемена бидејќи многу земји се откажаа од руското оружје, иако Русија со децении е втор најголем продавач на оружје по САД, изјави шефот на Одделот за трговија со оружје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img