More

    ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: СДСМ никако да го реконструира угостителското училиште за учениците да почнат настава со физичко присуство

    spot_img

    Колку СДСМ се грижи за образованието и каков е нивниот влог во образованието ни кажува фактот дека тие никако не можат да ги реконструираат угостителското училиште „Ванчо Питошески“ и ученичкиот дом за ученииците да почнат настава со физичко присуство и да бидат сместени во домот.
    Успеавте само да го направите штаб на СДСМ преку партиските вработувања, а нема ништо од завршувањето, иако уште во ноември 2021 година е започната реконструкцијата на ова државно средно училиште кое е под надлежност на централната власт.
    Поминаа две недели, до кога раководството ќе ги лаже наставниците, самите ученици и нинвите родители?
    Зошто учениците сѐ уште не започнале со настава со физичко присуство?
    Го повикуваме џелатот во образованието, Жаклина Лазаревска и сега да оди и да се слика со ташната и шлемот, па да го видиме на дело нејзиниот влог на уништување.
    Кога ќе завршат градежните работи за целосна реконструкција на училиштето и ученичкиот дом?
    До каде е набавката на врвната професионална опрема за практична работа за усовршување на стручноста на учениците?
    Во училиштето владее хаос, никако да се заврши поставувањето на енергетско ефикасна фасада, се чека и промената на подовите, а за поставувањето сончеви колектори ќе се чека сигурно како и за лимот и кровната конструкција.
    Неспособноста на кадрите на СДСМ и катастрофалниот влог во образованието се гледа преку зградите на училиштето и домот кои веќе неколку години никако да се завршат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img