Директорот на протокол на Министерството за надворешни работи (МНР), којшто го згреши знамето на Словенија, не е разрешен од функцијата туку е унапреден во амбасадор во Москва, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение.
„Бујар Османи не ја кажа вистината кога соопшти дека директорот на протоколот наводно поднел оставка поради згрешеното знаме за време на посетата на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон. Вистината е дека тој добил датум и е унапреден за амбасадор во Москва. Се поставува прашањето зошто Османи ја лаже јавноста? Неспособноста е длабоко вкоренета во институциите. Како може човек кој не разликува знам да преставува држава?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, министерот Бујар Османи вчера изјави дека шефот на протоколот поднел оставка и дека тој самиот му ја прифатил.
– Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда, се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква дректна одговорност, оставката ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност тој поднесе оставка – рече Османи.