More

    ВМРО ДПМНЕ: Министерката за НЕкултура да се извини за навредите кон угостителите и да си поднесе оставка!

    spot_img

    Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање на 63. Фестивал „Охридско лесто“ крајно безобразно и некултурно ги навреди не само угостителите, туку и охриѓани.

    Без нималку срам се дрзна и изјави: „…угостителите да не им наплатуваат како да треба да платат воена отштета или некои други ненамерни долгови од векови наназад“.

    Како можете да ги потценувате угостителите и нивните угостителски капацитети и услуги кон туристите?Со што им помогнавте како Влада и Министерство, па сега уште и да ги навредувате за цените кои се формираат врз основа на многу фактори?

    Не Министерке,

    Ако имавте малку чест тогаш овие зборови ќе допреа до Вашата совест и никогаш немаше да ги изговорите.

    Како се грижите за културата кога годинава за „Охридско лето“ одобривте 2 000 000 денари помалку од минатата година за реализација на програмата?

    Што направивте како Министерка за култура за летната сезона да трае подолго време?

    До каде се археолошките ископувања на Самуиловата тврдина и активностите на локалитетот Плаошник?

    За кој квалитет зборувате кога културата ја сведовте на најниско можно ниво?

    Единствен главен создавач на проблеми и искажани навреди и омаловажувања е Министерката за НЕкултура.

    Бараме јавно да се извините за искажаните навреди кон охриѓани и ако имате малку доблест веднаш да поднесете оставка!

    Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img