ВМРО-ДПМНЕ: Додека над 600 вработени во АД Водостопанство се оставени без плата и здравствено осигурување, а сметката на претпријатието е блокирана од УЈП поради долг од 58 милиони денари, директорот Локман Лимани испраќа 12 вработени на четиридневна екскурзија во Грција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Додека над 600 вработени во АД Водостопанство се оставени без плата и здравствено осигурување, а сметката на претпријатието е блокирана од УЈП поради долг од 58 милиони денари, директорот Локман Лимани испраќа 12 вработени на четиридневна екскурзија во Грција, обвинува Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Институциите не функционираат, земјоделците се целосно заборавени, нивите се оставени без систем за наводнување, а директорот, наместо да почне да ги решава проблемите, испраќа учесници на екскурзија во соседна Грција.

За срамот да биде поголем, Управата за јавни приходи на терен ги прибира податоците од возилата и багерите во сопственост на претпријатието, се со цел преку заплена на истите, а потоа и нивна продажба, да го наплати неисплатениот данок на АД Водостопанство“, пишува Трипуновски.

Тој потсетува дека во септември лани, Министерството за земјоделство доделило финансиска помош од 200 милиони денари за исплата на 3 задоцнети плати на вработените во ова претпријатие.

„Ова претпријатие е загубар, а вработените ги трпат неработењето и неспособноста на владеењето на Лимани и на Николовски. Бараме на следната седница на Владата итно разрешување на директорот Лимани и на министерот Љупчо Николовски, кои се најодговорнни за ваквото недомаќинско работење“, пишува Трипуновски.

Share This Article