More

    Заедничко чествување на настани и историски ликови, промена на учебници…

    spot_img

    Неколку часа пред да замине во Софија каде што треба да го потпише билатералниот Протокол, министерот за надворешни работи Бујар Османи одржа специјален брифинг со новинарите и откри дел од содржината на документот на кој утре ќе се вметне неговиот потпис и потписот на шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска.

    Османи откри дел од точките коишто ќе го содржат Протоколот.

    Тој рече дека е предвидено заедничко чествување на историски ликови и настани, како и промена на учебници, но дури откако за тоа ќе се договорат историчарите во историската комисија, односно откако мешовитата владина комисија ќе ги усвои заедничките заклучоци на историчарите.

    За македонскиот јазик министерот тврди дека нема да постои никаква фуснота или ѕвездичка, туку ќе биде наведен како чисто македонски јазик.

    Во однос на говорот на омраза, Османи вели дека во двете држави ќе се контролира и ќе следуваат соодветни санкции.

    За Цар Самоил ќе се користи формулацијата која веќе е договорена од историчарите во Комисијата, а делот со реципроцитет за обврски за двете држави содржи и борбата против говорот на омраза.

    Уставните измени се содржани во предлог-протоколот со формулација „припадници на други народи, како што е бугарскиот народ“. Обврската за менување на Уставот преку оваа дефиниција останува услов за првата меѓувладина конференција пред отворање на поглавјата од пристапните преговори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img