Владимир Путин во понеделникот седеше покриен со дебело ќебе над нозете на Црвениот плоштад во Москва, а на некои од гледачите на Парадата на победата им се причинило како да куца, пишува британско „Сонце“. Ќебенце на столчето го чекаше рускиот претседател, а иако беа покриени и други, далеку постари ветерани од Втората светска војна, се појавија шпекулации за здравјето на 69-годишниот Путин.
– Ќебето е интересен детал. Всушност, редовно има гласини за лошата здравствена состојба на Путин, што Кремљ, се разбира, не ги признава – изјави поранешниот британски дипломат Тони Брентон за весникот.
– Оние кои разговараа со него, луѓето како францускиот претседател Емануел Макрон, изјација дека имало помалку кохерентност отколку што беа навикнати да добиваат од него – продолжи Брентон.
– Значи, има причини за загриженост. Но, треба да бидеме внимателни – додаде тој.
Се наведува и дека температурата во Москва на прославата на Денот на победата била околу 9 степени, значи млако време, но дека Путин, одејќи до Гробот на непознатиот војник, каде положил венец, се обидел максимално вешто да го скрие куцањето.
Прашањата за неговото здравје беа поставени откако неодамна претседателот беше виден како се држи за маса со десната рака на состанокот со министерот за одбрана Сергеј Шојгу. И на неодамнешната средба со белорускиот претседател Александар Лукашенко, Путин се обиде да ја задржи истата рака која неконтролирано ја тресеше. Дека тој се однесуваше несигурно беше забележано и за време на велигденската миса во Москва во април.
И додека се шпекулира дека Путин боледува од Паркинсонова болест и рак на абдоменот, Кремљ ги отфрли сите досегашни обвинувања за лошата здравствена состојба на рускиот претседател. Доколку оди на операција, се смета дека Путин ќе биде заменет од својот близок соработник Патрушев.