Владимир Кечмановиќ, таткото на 13-годишниот напаѓач Коста К. кој уби осуммина и рани седуммина во Врачар во училиште во Белград, се обидел да си го одземе животот во затворската келија. Српски Информер пишува дека Владимир со сета сила ја удрил главата од ѕидот. Моментално тој е префрлен во затворската болница во Белград, каде е на прегледи.
Засега не е позната неговата состојба.
Владимир Кечмановиќ, инаку познат доктор радиолог, беше уапсен непосредно по апсењето на неговиот малолетен син. Претходно српските медиуми пишуваа дека тој ќе одговара пред судот.
Меѓу останатото, Владимир го научил својот син да пука и го носел на стрелиште. Двата пиштола со кои Коста К. пукал во училиштето се на таткото. Според министерот Братислав Гашиќ, таткото на распит во полицијата рекол дека не знае како синот ја дознал шифрата од сефот.
Владимир Кецмановиќ на рочиштето призна дека навистина го однел синот на стрелиштето, но и дека неговиот син бил жртва на врсничко насилство во „Владислав Рибникар“. Во таа прилика тој изјави и дека е „мртов човек“ откако неговиот син го извршил масакрот.