More

    Владата донесе одлука за примена на намалените акцизи и ДДВ

    spot_img

    Владата, врз основа на прифатените измени и дополнувања во Законот за акцизи во Собранието, донесе Одлука за определување на видот на енергенсите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, соопшти владината прес-служба.
    „Со оваа одлука се овозможува да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светските берзи“, се вели во соопштението.

    На оваа седница е донесена и Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка откако Собранието, на предлог на Владата, ги усвои измените и дополнувањата на Законот на данокот на додадена вредност.

    „Оваа одлука овозможува да се примени повластена даночна стапка која изнесува 10 отсто, врз прометот и увозот на енергенти, за определен временски период во определени услови.Се продолжува примената на повластена даночна стапка од 5 отсто на електричната енергија за домаќинства до 31 декември 2022 годинa.
    Овие одлуки стапуваат во сила со денот на објавувањето во Службен весник“, појаснуваат од владата.

    Владата донесе и Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на ослободување од плаќањето на данокот на додадена вредност во земјата со право на одбивка на претходниот данок.

    Со оваа одлука опфатени се лебот, брашното од тип 400, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко со маснотии од 2 , 3,2, и 3,5 отсто, месото, оризот и јајцата.
    Собранието доцна синоќа едногласно по скратена постапка ги донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите.

    По усвоените законски измени во Собранието и донесените одлуки на Владата, се очекува Регулаторната комисијаза енергетика и водни услуги (РКЕ) да донесе одлика за нови пониски цени на горивата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img