More

    Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори

    spot_img

    Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори. Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април се акредитирани 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР – 375. Од домашните најбројни ќе бидат набљудувачите на Здружението за развој на општествено – социјални иновации „ВАКЕ УП“ – Скопје – 182.

    Освен овие организации акредитирани за набљудување на изборите за претседател и за изборите на пратеници во Собранието се Здружението на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода – Скопје, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива Куманово, Фондацијата Ромите за демократија – Скопје, Парламентарното Собрание на Советот на Европа – ад хок комисија за набљудување претседателските избори, Националниот демократски институт за Надворешни работи, Вашингтон САД – подружница во земјава, Центарот за развој на изборни системи, реформи и обука (тренинг центар) на Централна изборна комисија на Грузија, Амбасадата на Република Словачка во Скопје, Центарот за развој на изборни системи, реформи и обука (тренинг центар) на Централна изборна комисија на Грузија и Европската асоцијација за дијалог и демократија – Берген, Норвешка.

    Изборите за шеф на државата ќе ги следат и 32 странски новинари, меѓу кои и од агенциите Ројтерс и Франс прес, Еуроњуз Албанија, Европската прес фото агенција – ЕПА, Ал Џазира Балкан, Гласот на Америка – македонска редакција, Топ Канал Албанија – отсек Косово и други.

    Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img