More

    Вкупно 8 години затвор за грабнувачите на Самоил

    spot_img

    Основниот Кривичен суд Скопје им пресуди вкупно 8 години затвор на обвинетите Виктор Милановски и Саша Челичиќ против кои се водеше процес за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

    Двајцата обвинети беа прогласени за виновни, согласно член 141 од Кривичниот законик, за кривично дело „грабнување”, за кое е предвидена казна затвор од една до 10 години.

    Судијката Славица Наумова Јосифовска денеска ја објави пресудата, а обвинетите Виктор Милановски и Александар Трпков, кој е недостапен на органите за прогон, се виновни бидејќи на 3 март 2023 година, на улица Христо Татарчев во Скопје, заедно го грабнале, а потоа му се заканувале на оштетениот Самоил Костадиновски дека ќе го убијат.

    Како што објави ОЈО, двајцата го принудувале оштетениот да ја плати претходно украдената наркотична дрога, која не ја платил, додека, пак, обвинетиот Саша Челикиќ помагал во извршување на кривичното дело.

    Самоил Костадиновски е исчезнат повеќе од една година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img