More

    Вкупниот број на работници во индустријата е зголемен за 1,7%

    spot_img

    Бројот на работниците во индустријата во март, во однос на март 2023 година, се зголемил за  1,7%. Кумулативната споредба на првиот квартал годинава со ланскиот покажува дека бројот на работници е зголемен за 1,9%. Ова го покажуваат податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика.

    Според овие податоци бројот на работниците во секторот „рударство и вадење на камен“, бележи пораст од 5,6 % благодарение на рудниците за јаглен и лингнит, каде што бројот на работници се зголемил за дури 11,8%. Со овие рудници стопанисува државата преку ЕСМ.

    Во секторот „преработувачка индустрија“  бројот на работници се зголемил за 1,5%, додека во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ забележан е раст од само 0,7%.

    Во рамки на преработувачката индустрија бројот на работници најмногу се зголемил во индустријата за поправка и инсталирање на машини и уреди за 52, 6% , потоа во автомобилската индустрија за 17, 8%, како и во индустријата за производство на машини и уреди од 13,8%, индустријата за производство на пијалаци од 15,6% и фармацевтската индустрија каде што бројот на работници е зголемен за 10,1%.

    Пад на бројот на работници има во неколку индустрии но најголем е во индустријата за производство на облека, тутунската индустрија и индустријата за фабрикувани метални производи.

    Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи пораст кај „енергија“ за 4,3 %, „капитални производи“ за 16,0 % и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 11,5 %, додека опаѓање бележи кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 7,1 % и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 3,9 %.

    Претходно Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во март е пониско за 10,4% во споредба со минатогодишниот март.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img