„Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ не ја доставиле потребната документација

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поништен е повикот за субвенционирани летови од двата аеродрома во земјава и ќе биде распишан нов, јави МИА.

Со поништениот повик, што траеше од 20 декември лани до 26 јануари годинава,  за разлика од претходните, можеа да се изберат повеќе авиокомпании што ќе добијат субвенции за нови авиолинии.

Се предвидува да се доделува субвенција од 7 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром „Скопје” и од 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле” – Охрид.

За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии.

На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер”.

Комисијата за евалуација на понудите што на повикот ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација и затоа го поништила повикот.

– Од страна на Комисија составена од членови од неколку државни институции се изврши евалуација на доставените понуди и притоа Комисијата констатира дека авиокомпаниите не ја доставиле комплетната документација пропишана во условите од јавниот повик. Согласно тоа, Комисијата донесе одлука за поништување на јавниот повик – соопшти попладнево  Министерството за транспорт и врски.

Оттаму очекуваат во накусо време Комисијата да распише нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023-2025 година.

Јавниот повик ќе се објави во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија.

- Advertisement -
Ad image

– Целта е да се поттикне и развива воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија и да се овозможи поголем број на дестинации за граѓаните. Нашата цел е да ги искористиме капацитетите што ги нуди Меѓународниот аеродром Скопје и Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле и да овозможиме квалитетни услуги со поширок спектар на дестинации за граѓаните преку конкурентни цени на авио билетите – пишува во соопштението.

Share This Article