Ракетните системии ХИМАРС од кои досега 20 парчиња се доставени до Украина од почетокот на војната, биле модифицирани за да не го достигнат својот максимален дострел, пишува Волстрит Џурнал повикувајќи се на анонимни американски официјални лица. Стравот на САД од проширување на војната на руска територија направи системите да имаат дострел од само 80 километри, додека во нивната спецификација пишува дека можат да погодат цели и на 480 километри.
Модификациите направени на системите пред да бидат испратени во Украина вклучуваат „хардвер и софтвер“, забележаа неименуваните официјални лица кои разговараа со медиумот. Украинската војска одби да коментира. И од Пентагон одбиле да коментираат, повикувајќи се на „оперативни безбедносни размислувања“.
Украина многупати досега ги побара системи АТАКМС кои имаат дострел од 300 километри, но досега САД одбиваа таква помош. Американските стравувања дека Украина ќе нападне на руска територија не се беспредметни. Вчерашните два напади на аеродроми во Русија и денешниот на аеродром во Курск со дронови ги подгреваат сомнежите.
Плусинфо веќе пишуваше дека САД размислуваат за нови ракетни системи со дострел од 160 километри кои би ги произведувал Боинг во истите складишта. Ова оружје би можело да се користи во извесната пролетна офанзива на Украина, ако Украинците пробаат да го вратат полуостровот Крим.