Вирусот слабее, но сѐ уште постојат ризици

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Случаите на Ковид 19 се поретки, за здравствените ризици се помали од оние во минатите години. Последните податоци покажуваат околу 22.073.000 (0,27% од светската популација) заболени од кои 22.037.000 (99.84%) се во лесна здравствена состојба, а 36.334 (0,16%) се во посериозна здравствена состојба. Ова е драстично опаѓање на бројките. Постојат проблеми со овие податоци, а тоа е фактот што луѓето веќе не ги објавуваат резултатите од нивните тестирања, па се претпоставува дека бројката е поголема. Сепак, таа е многу помала од порано.

Некои опасности сѐ уште постојат

Грижата сега е околу долгиот Ковид, назив за хронични симптоми кои траат три месеца по заболувањето поради необјаснива причина. Според д-р Реј Данкан, кардиолог и медицински истражувач на Ковид, истражувањата покажуваат сериозни компликации од вирусот кои можеби не се забележуваат со години.

– Долгиот Ковид е само дел од спектарот на Ковид заболувања – вели д-р Данкан.

Зголемениот број инфекции можеби го зголемува ризикот од кардиоваскуларни и невролошки заболувања, како и ризикот од тивки оштетувања на органите.

Сепак, прогнозата е добра

Секако, денес, Ковид е помалку ризичен одошто на почетокот, што укажува на подобрување на општата ситуација. Луѓето со здрав имунолошки систем подобро се справуваат бидејќи нивниот имунитет ги памети претходните варијанти на Ковид и реагира посоодветно, а вирусот еволуира и станува побезопасен бидејќи така ќе живее подолго во домаќинот. Вирусите „сакаат“ живи домаќини бидејќи практично се паразити, а домаќините им помагаат да се размножат. Но, потребни се повеќе истражувања во подолг временски период за да се разберат сите ризици и последици од Ковид 19.

Share This Article