More

    (ВИДЕО) Земјоделците со трактори ги блокираа приодите до седиштето на ЕУ во Брисел, ги пробиваа блокадите

    spot_img

    Повеќе од 100 трактори ги блокираа приодите до седиштето на Европската унија во Брисел, каде што министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ треба да разговараат за барањата на незадоволните земјоделци, поврзани со ниските цени на нивните производи во супермаркетите, увозот на евтини производи, прописи за заштита на животната средина и договори за слободна трговија.

    Здруженијата на земјоделци од Белгија, Германија, Холандија и Франција ги поканија своите членови да учествуваат на денешниот протест.

    Земјоделците бараат ЕУ да ги прекине преговорите за трговскиот договор со земјите од Латинска Америка, наведува Ројтерс.

    Европската комисија соопшти дека условите за постигнување договор со земјите од Латинска Америка не се постигнати поради стандардите поврзани со заштитата на животната средина.

    На видеата од местото на настанот може да се види како земјоделците ги пробиваат полициските блокади, како и дека е фрлен солзавец.

     

     

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img