More

    (ВИДЕО) Полицаец го удира ракометарот Филип Талески со пендрек по глава? Вакви полицајци ќе не бранат и од кого?!

    spot_img

    Пред крајот на натпреварот меѓу екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се случи мал инцидент и турканица меѓу играчите, а еден од полициските службеници со пендрек го удри по главата македонскиот репрезентативец Филип Талески.

    Видеото го сподели и Дејан Манасков на својата официјална страница на која напиша „Зошто?“.

    Повеќе репрезентативци и играчи го осудија потегот на полицаецот.

    Трофејот во македонскиот ракометен куп остана во сопственост на Вардар 1961, откако „црвено – црните“  во драматична завршница го совладаа во финалето во Охрид големиот ривал Еурофарм Пелистер со 26-25.

    Со триумфот Вардар дојде до својата 16. куп титула во клупската историја и му се реваншираше на Еурофарм Пелистер за минатонеделниот гостински пораз во рамки на Суперлигата со кој најверојатно му ја предаде шампионската титула на тимот од Битола.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img