Најмалку две лица загинаа како последица на невремето што ги погоди истанбулските квартови Арнавуткој, Башакшехир и Кучукчекмеџе. Тешка е ситуацијата и во одредени делови на Грција и Бугарија.
Многу противпожарни екипи беа испратени во областите погодени од невремето и поплавите во Истанбул по извештаите за поплави во многу домови и работни места.
Жолто предупредување за ветер во три региони во Босна и Херцеговина
Многу возила останаа затрупани на патиштата.
Телото на 57-годишна жена е пронајдено во областа Башакшехир. Загина и еден странски државјанин.
Како последица на поплавите во Грција, еден маж загина кога врз него падна ѕид, а уште пет лица се водат како исчезнати. Властите ги предупредуваат луѓето да останат во своите домови.
Грчката метеоролошка служба посочи дека вчера во село во регионот на Пелион наврнале 75,4 сантиметри дожд, а просечната годишна количина на врнежи во регионот на Атина е околу 40 сантиметри.
Трагични исходи имаше и во Бугарија. Две лица загинаа, а три се водат како исчезнати.
Силниот ветер предизвика бранови од 2 метри на плажите во туристичките места, а снимката на социјалните мрежи е застрашувачка.