More

    (ВИДЕО) Кузеска: Парите од унгарскиот кредит се всушност кинески, го прашуваме Мицкоски зошто ја лажеше јавноста

    spot_img

    Од ден во ден станува се појасно зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат во скратена постапка да го донесат овој закон. Вчерашните информации во медиумите од истражувањата на реномирани меѓународни медиуми, потврдуваат дека парите од унгарскиот кредит се всушност кинески. Па го прашуваме Мицкоски, зошто ја лажеше јавноста за ова? Зошто крие кое е потеклото на парите? Зошто крие дека Унгарија всушност се задолжува по понеповилни услови кај Кина за парите кои нас ни ги дава? Тоа е јасен сигнал дека тука има политички интерес, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

     

    – Покрај ова, законот изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници. Не се предвидени јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите. Јасно е дека со оваа власт нема ниту правна држава, ниту транспарентност, ниту отчетност, ниту отвореност. Се враќа начинот на владеење како пред 2016 година. Очигледно власта сака да ја сокрие корупцијата и политичките интереси кои се основа на овој закон. Без дебата, без информирање на граѓаните, набрзина да го истуркаат скандалозниот и коруптивен Закон договорен во четири очи уште во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција по скратена постапка. Мицкоски на овој начин си испиша корупција на чело – кажа Кузеска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img