More

    Се огласи Џо Бајден откако Хантер беше прогласен за виновен

    spot_img

    Претседателот Џо Бајден се огласи откако неговиот син Хантер Бајден беше прогласен за виновен по сите три точки од обвинението дека не пријавил дека употребува дрога кога купил револвер во 2018 година.

    – Ја прифаќам одлуката на судот, но сепак сум горд на мојот син. Како што реков минатата недела, јас сум претседател, но исто така сум и татко. Џил и јас го сакаме нашиот син и многу сме горди на човекот што тој е денес – изјави американскиот претседател Џозеф Бајден откако судот го прогласи неговиот син Хантер за виновен.

    Ние секогаш ќе стоиме со Хантер. Ќе го прифатам исходот од овој случај и ќе го почитувам судскиот процес, додаде претседателот Џо Бајден.

    Хантер Бајден сега се соочува со 25 години затвор и парична казна од 750.000 долари. Медиумите јавуваат дека за првпат прекршителите ретко добиваат затворски казни.

    Против синот на актуелниот американски претседател беше поднесена пријава поради пиштолот што го поседуваше 11 дена. Бајден незаконски купил „Колт кобра“ во октомври 2018 година. Набавката не е направена законски бидејќи Хантер дал лажна изјава на продавачот дека не е корисник на дрога, иако во тој момент користел наркотици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img