Кога лулката на сесловенската писменост, кога градот кој се гордее со своите 365 цркви, кога оној град на Светите Климент и Наум ќе го урнисате на ранк на неусогласеност, збрканост, хаотичност, дивеење, дувло на наркоманија и нарко пазар, или нешто повеќе од лошо сложување на повеќе нешта, добивате производ кој ниту од далеку нема никаква врска со туризам, поточно Охрид го унакзивте!
5 денови 11 концерти и некаков си Охрид Колинг?!
Години наназад од дечките од Авалон слушаме дека со нивниот Охрид Колинг ги полнеле туристичките капацитети на Охрид и давале неккава си меѓународна реклама на Охрид?! Еј ,еј, доста бре дечки со глупави петпарашки фрази, зошто реалноста е онаа, дека Вие едноставно го унаказивте Охрид во секаква смисла, но еве и зошто, за нештата да бидат појасни:
1.Од 1-ви до 10 Август, Охрид е полн со туристи и без Охрид Колинг, ама и без оние шунд српски пејачи, кој ги рекламираат по системот „Одкупувам старо железо, акумулатори….“!!!Ова ли е Охрид, каде б удали шетаат со звучници на возила низ плажи и рекламираат некаков си Жељко Самарџич?
Зарем на ваков начин се носат туристи во Охрид.? И крајно има ли овој град Комунална инспекција, Полиција и останато, да сопрат ваква неусогласеност, збрканост, хаотичност, дивеење ??
2.Зошто Авалон не го направи Охрид колинг на почетокот на Јуни или на крај на летото, онаму во септември?
Одговорот зошто тоа не го прави Авалон е едноставен. Имено публиката на Охрид Колинг е претежно малолетна или претежна популација од 11 до 17 години, онаа публика која е лесна за манипулација, а таа во септември месец е на школа.
Што се однесува на Лени Кравец, него Авалон да го донесе и во декември месец ,дали на Антички Театар или во спортска сала ,Кравиц ќе има повторно публика полн амфитеатар или спортска сала ,но не во голем дел онаа публика која е лесна за манипулирање.
ОПШТИНА ОХРИД ВО КООРДИНАЦИЈА СО МВР, ТРЕБА ДА ГО СОПРЕ ВАКВОТО ДИВЕЕЊЕ!
Надлежноста на Општина Охрид, како и нејзините овластувања се пропишани со закон и ж, тоа е многу едноставно во доменот на ингеренциите.Единствено имаат ингеренции да не ги издаваат економските капацитети кој се во сопственост на јавните претпријатија или издавањето да се врши терминолошки по еден концерт дневно во туристичка сезона,па да видиме колку гости ќе донесат сите оние шунд музичри од Балканот?! Но исто така треба оној период на таканаречени Илинденски денови, да се запази како национални денови, а не денови на какафонија и дивеење и само на тој начин ќе се стави крај на урнисувањето на Охрид и туризмот во Охрид во целина.
КОЈ ПРАВЕЛ БЕЗБЕДНОСНИ ПРОЦЕНКИ ВО МВР И ДАВАЛ ОДОБРЕНИЈА ЗА ТОЛКАВ БРОЈ НА КОНЦЕРТИ ВО ОХРИД НА ДЕН,ТРЕБА ВЕДНАШ ДА БИДЕ ИЗБРКАН ОД БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЛУЖБИ. Невозможно е МВР да контролира територија од над 60 километри во радиус, со наплив на гости на ден од над 100.000 туристи (авантуристи, секоја чест на нормалните), со распадната полициска станица ,каде за жал повеќето униформирани полицајци, во ваквите концерти гледаат можност за добра заработувачка, како од глумење на обезбедувања по објектите, но и од препродажба на наркотични дроги, нешто што сум пишувал две години наназад, со име и презиме на нечесните полицајци. И повторно се поставува прашањето, каде се испекциските служби, Управа за јавни приходи, по дифолд мора да ги прочешла сите овие лумпер газди на концерти, во смисол од продаба на влезници, ама и од продажба на пијалоци по терените на концертите, каде една флашичка вода од 0.33 се продава по фантастични 250,оо денари, пиво по 500 итн….
Каде е Агенција за храна и ветеринарство, Пазарниот инпсекторат, трудовиот испекторат, или сите овие испекциски служби постојат само декларативно или кога ќе треба на некого да у еб..Т мајката по нарачка?
До кога бре дечки маа ќе му плачите на Охрид?!