(видео) Езерската полиција спаси пет лица од едрилица во Охридското Езеро, откако сопственикот на едрилицата изгубил контрола поради невремето

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денеска (19.08.2023), постапувајќи по пријава дoбиена околу 19 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, сопственик на пловен објект-едрилица, на која покрај него се превезувале уште четири лица, изгубил контрола поради невремето и поради кршење на крмен лист, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор„Охридско Езеро” веднаш излегоа на терен и околу 19.25 часот ја пронајдоа едрилицата на околу 7000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија.

Н.Б. (55) од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” во добра здравствена состојба, без повреди.

Share This Article