(Видео) Драма на релито Кроација: Нојвил излетал од патеката, удрил во карпа, а потоа во дрво

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Драма на врвот во поредокот на релито WRC Хрватска. Тиери Нојвил, возач на Hyundai Motorsport, ја загуби лидерската позиција по удар во карпа.

Уште од вториот брзински тест белгискиот возач ја имаше водечката позиција, но на брзинскиот тест Равна Гора – Скрад удри во карпа и му го оштети автомобилот што го исфрли од релито. Тоа му го даде првото место на Еванс.

Пет километри по стартот, Нојвил изгубил контрола во кривина и удрил во карпа на страната на патот, а потоа и во дрво. Задниот лев крај на болидот претрпе повеќе оштетувања и поради тоа не можеа да ја продолжат трката. За среќа, Нојвил и неговиот совозач Мартин Вајдаге се спасија без повреди.

На крајот на петокот, Нојвил имаше 5,7 секунди подобро време од Еванс, но во саботата ја удвои предноста во првата брзина, а потоа ја задржа дистанцата на етапата до Дуга Реса.

За негова несреќа, тој истури се на овој брзински тест.Видеото може да го видите ТУКА .

Share This Article