Вежбањето со оваа музика е добро за мозокот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Невронаучници од Јапонија го истражувале влијанието на вежбањето со „грув“ ритам на мозокот. Во 2022 година откриле дека вежбањето со „грув“ музика го стимулира размислувањето ако слушателот ужива во „грув“ музиката.

Вежбањето со оваа музика е добро за мозокотДури и само триминутното вежбање може да биде добро за мозокот. Откриле дека само три минути многу лесно вежбање кое одговара на лесно чекорење, во просек се доволни за стимулирање на делот од мозокот задолжен за размислување и извршни функции.

Најважен удел во стимулирањето на мозокот имаат чувството на возбуда, уживањето и движењето на телото, па тие се надополнуваат во своите позитивни дејства.

Луѓето кои не уживале во „грувот“ и во вежбањето со ритмичка музика, немале подобри резултати во извршните функции на мозокот. Тоа укажува и на добропознатиот факт дека кога уживаме во нештата кои ги правиме, што и да правиме, расположението и размислувањето ни се подобруваат. Дали планинарите или, пак, играте шах, важно е да бидете исполнети.

Но, ако уживате во „грув“, вежбајте гимнастика со „грув“ за да постигнете подобар фокус и квалитет на живот.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Share This Article