Веста за разводот на Мелина и Харис Џиновиќ не престанува да ја интригира јавноста, а приказната сега има нов епилог

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Веста за разводот на Мелина и Харис Џиновиќ не престанува да ја интригира јавноста, а приказната сега има нов епилог.

Имено, Харис пред неколку дена откри дека Мелина била иницијатор на разводот, а сега се знае дека модната креаторка има и нов партнер.

Мелина наводно веќе половина година ужива во романса со две години постар бизнисмен.

– На сите им е јасно дека бракот на Мелина и Харис одамна го изгубил сјајот и дека е прашање на денот кога ќе се разведат. Иако нивната врска почнала да се лади многу пред да ја напушти семејната вила, таа успеала да сокрие дека вистинската причина поради која ставила точка на тој брак е маж кој го запознала минатата година и започнала романса со него – истакнал изворот и додал:

– Нејзиниот нов емотивен партнер важи за еден од најпосакуваните мажи на јавната сцена. Секој слободен момент го користат да бидат заедно, а тој ја опсипува со скапи подароци и внимание, па таа се чувствува како вљубена тинејџерка. Со оглед на тоа дека нему неговата работа му е примарна и дека сака сликата за него да биде неизвалкана, се договориле да го кријат фактот дека се заедно додека можат. Нивните блиски пријатели се воодушевени од врската – рекол изворот, тврдејќи дека се гледаат во неговиот луксузен стан.

– Мелина одамна не дава сметка никому, па лесно и е да оди на тајни локации и да ужива со новото момче секогаш кога тој е слободен. Станува збор за една од неговите недвижности во најпрестижната населба на главниот град. Бидејќи има неколку од нив, и понудил да остане во станот во кој се среќаваат, но таа одбила – заклучува изворот, пишува српски „Ало“.

Share This Article