More

    Вештакот пресметал 13 милиони денари дадени за даноци

    spot_img

    Парите кои се ставаа на товар на обвинетиот Мухамед Зеќири не се во таа вредност што првично беа изнесени, изјави денеска неговиот адвокат Александар Трајковски.

    Според Трајковски, со денешното изведување докази од обвинителство, а во врска со процесот против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службената положба и овластување“, и од едниот и од другиот сведок, посебно од вештото лице, се утврдило дека парите кои се ставале на товар на обвинетиот Мухамед Зеќири не се во таа вредност што првично биле изнесени.

    – Паричните средства се далеку помалку. Меѓутоа, денеска се утврди дека во дел од сумата е пресметан персонален данок и данок на додадена вредност. Исто така, се утврди дека вредноста што е исплатена и трудот што е вложен од ревизорските куќи кои ги работеле двата предмета соодветствува со реалната цена и вредноста за што е исплатена сумата – рече тој.

    Во однос на прашањето поврзано со сведочењето на сведокот Петко Димитров, управител на компанијата „Прајс Вотерхаус Куперс“ кој сведочеше за начинот на склучување на трипартитниот договор со Владата и со компаниите „Интерфајнанс“ од Хрватска и „Интерхолдинг“ ДОО Скопје, за тоа дали договорите биле склучени надвор од постапката за јавни набавки, адвокатот одговори дека тоа е правно прашање кое, како што рече ќе го образложуваат во текот на постапката и дека тоа не се однесува на економскиот дел.

    Според одбраната на Зеќири, разликата меѓу првата сума и сега е околу 13 милиони денари.

    На денешното рочиште, покрај Димитров, сведочеше и вештото лице од Економија, Киро Костов, кој зборуваше за начинот, намената и износите на плаќањата опфатени во договорот.

    Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

    Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Катерина Коларевиќ.

    Судењето продолжува на 27 април со изведување докази од одбраната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img