More

    Верификационата комисија го пречекори овлaстувањето, обвини Апасиев

    spot_img

    „Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток. Не соодветствува со вашиот извештај. Да видиме каде сѐ погрешивте со верификувањето на мандатите. Ние баравме оваа комисија да се укине бидејќи е дел од делегатскиот систем на претходната коалиција“.

    Вака говореше Димитар Апасиев од Левица, единствен кој зеде збор пред гласањето за верификација на мандатите на новиот собраниски состав. Тој обвини дека градоначалникот на Тетово Биљал Касами немал право на своја рака да даде изјава дека се откажува од пратеничкиот мандат, туку тоа требало да го констатира Собранието, а не Верификационата комисија, односно нејзината претседателка Дафина Стојановска.

    – Како оди процедурата? Кој сака да биде пратеник се кандидира во ДИК. Кога се кандидираме поднесуваме изјава до ДИК. Оваа изјава е неотповиклива до моментот на верификацијаа на мандатот. Значи не може да повлечете нешто што немате. Овие две изјави си ги потпишал Биљал Касами, зел уверение и му дошле овие правници. Вие сега измислувате право кое не постои. И сега Касами дава нова изјава дека се откажува, поради потреба. Која потреба? Сам се кандидираше за пратеник. Како можеш да се откажеш од нешто што го немаш?! Немаш мандат за да се откажеш од мандат. Ај да видиме кога има мандат. Вие како Верификациона комисија имате право да оспорите мандат, а не тој сам да си го оспорува. По сила на закон, сега треба да има избори во Тетово за да се бира нов градоначаалник, бидејќи по Извештајот на ДИК Касами има мандат. Што вели деловникот за одземање на мандат? Пратеник може да поднесе оставка, но Собранието мора да ја констатира без претрес. Не вие, драга колешке Дафина Стојановска. Вие ја пречекоривте службената положба. Која е таа комисија која се става над легалната процедура? Гледаме како вмровците ја третираат процедурата. Штом ги гласавте, ќе ги трпите – рече Апасиев.

    По ова пратеничката од Вреди Mерита Колчи Коџаџику која раководи со седницата повика на гласање на извештајот на Верификациската комисија.

    „За“ новиот пратенички состав гласаа 101 пратеник од вкупно пристуни 117. Против и воздржани немаше. Беа усвоени 118 мандати, додека за 2 мандата дополнително треба да се расправа поради приговори во ДИК.

    Мандатот на пратениците не трае подолго од 4 години од денот на верификувањето. На пратениците од претходниот состав им престана мандатот.

    На пратениците кои имаат функции неспојливи со функцијата пратеник, мандатот им престанува. Коџаџику потврди дека изјавата  на Касами за отповикување на пратеничкиот мандат поради конфликт на интереси се прифаќа.

    Таа објасни и дека на членовите на техничката влада на кои им се верифицирани пратеничките мандати им престануваат функциите во владата.

    Во меѓувреме, техничката влада ќе ги држи само најнеопходните функции до изборот на нова влада.

    Потоа за збор се јави Талат Џафери. Тој рече дека како премиер на техничката влада ќе ги преземе овие неопходни функции, но поради Законот за конфликт на интереси тој рече дека додека ја извршува функцијата технички премиер нема да биде пратеник во Собранието.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img