More

    Бизнисот кажа што очекува првите 100 дена од новата влада

    spot_img

    Очекуваме во делот на даночната политика да нема драстични промени и ако не се олеснува даночната политика барем да остане на нивото на коешто сме сега, изјави денеска извршниот директорот на Стопанска комора Антони Пешев во Штип, кој кажа што очекува бизнисот во првите 100 дена влада.

    Тој додаде дека очекува да се променат и други работи кои му пречат на реалниот сектор.

    -Тоа е воведувањето на некакви вештачки лимити во делот на работењето во недела, работењето од дома, флексибилното работно време и работи кои во делот на Законот за работни односи не се предвидени би требало да си дојдат на свое место, држава како Македонија која има потреба за висок-економски раст не може да си дозволи луксуз да работи многу малку, работи неефикасно, работната сила да не е едуцирана. Значи за нас тајната е во враќањето во фокусот кон професионален и ефикасен вработен, кој ќе генерира додадена вредност, би било добро тоа да бидат високите технологии, поради тоа што тие очигледно генерираат голема додадена вредност- вели Пешев.

    Тој посочи дека партиите во време на предизборието имаа средби со бизнис секторот за презентација на нацрт Програмите во делот на економијата.

    -Мислам дека индустријата, бизнисот, економијата се елементите без кои ниту една држава не може да функционира, не постои држава перпетум мобиле, во која вие ќе вработувате администрација, а ќе немате индустрија  која ќе може тоа да го испорача – вели Пешев.

    Тој се надева дека она што беше ветено од политичките партии кои ќе ја формираат владата ќе го испорачаат и во практика за реалниот сектор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img