More

    Вербално препукување меѓу Кремљ и Алијансата

    spot_img

    Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Букурешт остро ги осуди руските напади врз цивилите и електричната мрежа во Украина и најави продолжување на силната поддршка на НАТО за таа земја.

    На крајот од дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, Блинкен изјави пред новинарите дека рускиот претседател Владимир Путин „води војна против цивилите затоа што не успева воено да ја победи Украина”, оценувајќи го тоа како „варварски чин”.

    – И тој го прави тоа обидувајќи се да ја уништи енергетската инфраструктура на Украина, да ги исклучи светлата, да го исклучи греењето и водата за да страдаат цивилите. Јасно е дека поддршката на НАТО за Украина останува силна и одлучна, потенцираше Блинкен.

    Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Алијансата не е заинтересирана за политичко и дипломатско решение во Украина.

    Заедничката изјава, што вчера беше усвоена на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Букурешт, според неа укажува дека Алијансата не сака мирно решение во Украина.

    – Формулацијата на оваа изјава укажува дека НАТО е апсолутно незаинтересиран за политичко и дипломатско решение во Украина – рече Захарова, пренесува ТАСС.

    Шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО претходно на самитот во Букурешт изјавија дека ќе ја зголемат помошта за Украина, не само со воена опрема, туку и во реконструкција на критичната инфраструктура и зголемена заштита од ракетни напади.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img