Познатата модна дизајнерка Вера Ванг има 73 години и вели дека била изненадена од реакциите на луѓето за нејзиниот младешки изглед.
Вера Ванг, американска модна дизајнерка по потекло од Кина, предизвикува восхит каде и да се појави бидејќи изгледа неверојатно младешки.
Таа неодамна коментираше дека не разбира зошто многу луѓе се изненадени од нејзината возраст.
„Претпоставувам дека луѓето имаат некаква идеја за тоа како треба да изгледаат 70-годишниците. Имам толку многу пријатели кои се помеѓу 65 и 70 години и изгледаат одлично. За среќа, тоа е добра работа“, рече таа.
Фотографијата која особено ги изненади нејзините следбеници е онаа на која Вера позира во спортски топ на кој изгледа како да има 30 години.
Таа вели дека резултат на нејзиниот младешки изглед е, меѓу другото, и тоа што цел живот се занимава со физичка активност.
Вера вели дека се надева оти жените генерално се чувствуваат подобро во своја кожа бидејќи денес има многу дефиниции за тоа што можат да бидат.
Креаторката вели дека нејзината младост е резултат на работата што ја работи, редовниот сон, коктели од вотка и умереното изложување на сонце.
„Ова се клучни параметри за кожа без брчки“, рече таа.
Вангова беше уредник на магазинот „Вог“ 17 години, а во 1987 година му се придружи на Ралф Лоран со кого работеше две години. На 40-годишна возраст, таа стана независен дизајнер на луксузни венчаници и фустани кои ги носат најпознатите светски имиња од светот на шоу-бизнисот.