More

    Вдовицата Навални ги повика Русите на протест на 17 март

    spot_img

    Јулија Навалнаја, вдовица на починатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, ги повика Русите да се приклучат на протестот на денот на изборите на 17 март и да гласаат против рускиот претседател Владимир Путин или да ги уништат нивните гласачки ливчиња, пишува Ројтерс.

    Навалнаја во видеото на Јутјуб вели дека црпи надеж од големиот број луѓе кои минатата недела излегоа на погребот на нејзиниот сопруг, кој почина во арктичкиот затвор на 16 февруари.

    Неговиот гроб оттогаш е покриен со „море од цвеќиња“, потсетува Ројтерс.

    Таа ги повика Русите да се приклучат на протестот на 17 март, на кој повика нејзиниот сопруг Навални, пред неговата смрт.

    – Мора да го искористиме денот на изборите за да покажеме дека постоиме и дека нè има многу. Ние сме вистински, живи луѓе и сме против Путин. Мора да пристигнете на гласачкото место истиот ден и во исто време, 17 часот напладне – рече таа.

    Нејзиниот сопруг имал идеја дека демонстрантите на тој начин ќе го избегнат ризикот од апсење.

    – Што да направите следно? Изборот е ваш. Можете да гласате за кој било кандидат освен Путин. Можете да го уништите гласачкото ливче, да напишете „Навални“ на него со големи букви. Дури и ако воопшто не ја гледате смислата на гласањето, само дојдете и застанете покрај гласачкото место и потоа одете дома – рече таа.

    По смртта на нејзиниот сопруг, Навалнаја најави дека ќе ја продолжи неговата борба.

    Таа се појави на неколку политички настани на Запад, вклучувајќи ја безбедносната конференција во Минхен и Европскиот Парламент, а се сретна и со американскиот претседател Џо Бајден.

    Кремљ ги отфрла нејзините тврдења дека Путин го убил Навални и одби да го коментира одговорот на јавноста на неговата смрт и погребот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img