More

    Вашата поддршка е од големо значење за европскиот пат на Македонија

    spot_img

    Северна Македонија и Туркије продолжуваат да ги се развиваат односите на планот на економијата и како држави партнери во рамки на НАТО алијансата, констатирале на денешната средба во Скопје претседателот на Владата Димитар Ковачевски и претседателот на Големото национално собрание на Република Туркије, Мустафа Шентоп. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, заеднички се потврдени традиционално добрите и пријателски односи помеѓу двете држави, коишто бележат унапредување, што го покажува растот на трговскиот обем во 2021-та година, како и тоа што турски компании се меѓу најголемите инвеститори во земјава.

    – Оценето е дека државава се грижи за сите граѓани подеднакво, дека Северна Македонија е пример како граѓани од различни култури, вери и етнички заедници можат да живеат заедно во една држава, во хармонија и дека е тоа значаен придонес во мирот на Балканот – се наведува во соопштението.

    Во таа насока, пренесено е дека Туркије ја поддржува Северна Македонија што поскоро да ги почне преговорите со ЕУ, со надеж дека тоа ќе се случи во најскоро време, бидејќи се смета дека евроинтеграциите на нашата држава се од големо значење за стабилноста на регионот, но и пошироко.

    Премиерот Ковачевски се заблагодарил за искрената и континуирана поддршка од Република Туркије во напредокот на Република Северна Македонија од осамостојувањето на државата до денес.

    Во однос прашањето со Бугарија, премиерот Ковачевски потенцирал дека решение е можно ако двете страни се посветени на достоинствени разговори базирани на европските вредности и во духот на меѓусебно почитување.

    Во однос на ситуацијата во Украина, премиерот Ковачевски посочил дека нашата држава продолжува со политиките коишто се целосно на линија на ЕУ и на НАТО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img